По речиси шест часа завршија внатрепартиските консултации во Демократската унија за интеграција (ДУИ) во партиското седиште во Мала Речица, а одлуките ќе се носат утре на состанок на Централниот совет на ДУИ.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби по средбата воопшто не ја коментираше средбата.
„Ви посакувам добра ноќ! Имајте убав ден! ДУИ посилна од кога било“, рече Груби.