Поглед:
66
Рускиот претседател Владимир Путин нареди стратешките бомбардери да бидат преместени во воздухопловната база Олења на самата граница со Финска, која треба да стане членка на НАТО, пишува Дејли мејл.
Според британскиот таблоид, на основа на сателитски снимки на американскиот оператор Планет, во воздухопловната база Олења има седум суперсонични стратешки бомбардери ТУ-160, попознати по прекарот „Белиот лебед“, кои можат да носат проектили со конвенционални, како и со нуклеарни боеви глави.
Четири стратешки бомбардери ТУ-95, попознати по прекарот „Мечка“, како и крстаречки ракети Кх-100 и ракети Кинжал, се забележани во руското воздушно пристаниште.
Она што е особено загрижувачко во западните кругови е фактот што пистата во базата Олења беше празна до 12 август, а сателитски снимки сега покажуваат дека има вкупно 11 авиони со разорна моќ, кои Кремљ би можел да ги искористи за разорни напади врз Украина.
Посебна загриженост за западните воени и политички стратези е фактот што операцијата за поместување на пеколните авиони се совпадна со веста за украинскиот напад врз регионот Белгород на територијата на Руската Федерација, извршен од Армијата на Украина, кога беше погодено складиште за муниција.
Маневарот на Путин со авиони на судниот ден, според западните кругови, може да значи остра одмазда, поголема по обем и интензитет од онаа што следеше под команда на генерал Сергеј Суровикин, кога беа бомбардирани повеќе градови во Украина, вклучително и Киев, како одмазда за саботажата на Мостот Керч на Крим.