-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Министерката Петровска во работна посета на Париз

ТОП ВЕСТИ

По завршувањето на состанокот на министрите за одбрана во Брисел, министерката за одбрана Славјанка Петровска отпатува во работна посета на Франција, каде ќе се сретне со францускиот министер за вооружени сили, Себастиен Лекорну.


Во рамки на посетата, министрите за одбрана ќе го потпишат Договорот за соработка во областа на одбраната помеѓу Владата на Француската Република и Владата на Република Северна Македонија.

Со потпишувањето на овој договор се предвидува засилување на соработката помеѓу двете земји – сојузнички во Алијансата. Договорот предвидува плодна билатерална соработка во повеќе области, како стратегиската одбранбена политика, организација и функционирање на силите, учество во меѓународни операции, воени вежби и тренинзи, како и воена едукација.

За време на работната посета на Франција, министерката Петровска ќе оствари средба и со директорот на Институтот за високи студии за национална одбрана на Франција, генералот Беноа Дуре, а се предвидува и средба со претставници на француската компанија МБДА, која произведува различна опрема за воената индустрија.

Петровска ќе биде официјално пречекана од страна на министерот Лекорну, со највисоки воени почести, интонирање на македонската и на француската химна и постројување на Републиканската гарда и свечените трупи на сите родови на вооружените сили на Франција.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО