НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2)
47 Крушево, 42 П.Шапка, 28 Скопје–Петровец, 27 Куманово, 25 Пожаране, Битола, 23 Маврови Анови, 22 Скопје-З.Рид, Тетово, Ѓуриште, 19 Охрид, 17 Претор, Тополчани, Прилеп, 16 Лазарополе, 14 Штип, 10 К.Паланка, 8 Берово, 7 Гевгелија, 6 Демир Капија, Виница, 4 Дојран.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
4 Попова Шапка, 7 Лазарополе, Маврови Анови, Крушево, 9 Берово, Претор, 10 Крива Паланка, Прилеп, 11 Охрид, Битола, Виница, 12 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Дебар, Куманово, Дојран, 13 Скопје-Петровец, Демир Капија, Струмица, Гевгелија.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта беше облачно со врнежи од дожд поинтензивни во западните делови и во пошироко Повардарие. Утринава врнежи има насекаде, а на места поинтензивни. Дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Oблачно, свежо и врнежливо време. Наместа врнежите ќе имаат пороен карактер. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Врнежите ќе престануваат во вечерните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје облачно, свежо и врнежливо со слаб до умерен југоисточен ветер. Повремено врнежите ќе бидат поинтензивни. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.