Поглед:
1
Движењата на шефот на Кремљ отсекогаш биле строго чувани во тајност од луѓето на ФСО, претседателската служба за безбедност.
Кога неговиот конвој од автомобили поминува низ Москва, улиците се расчистуваат однапред и неговиот оклопен автомобил, Аурус Сенат, долг шест метри и шеесет сантимтри, со мотор Порше V8, забрзува со 140 на час за да избегне било какви проектили од земја. Во сенаторската палата на Кремљ се наоѓа официјалната резиденција на Путин (таму живеел Ленин), но Путин малку ја користи.
Обично живее во Ново-Огариово, 15 километри од главниот град. Во Сочи на Црното Море, речиси секогаш престојува во резиденцијата Бочаров Ручеј, заштитена со патролен брод вкотвен на брегот и од нуркачи.
Се претпоставува дека Путин често ја води војната од бункерот на Сталин, изграден за време на Втората светска војна, но и од бункерот на Урал.
Во Алтај, на границата со Монголија, била изградена друга конструкција отпорна на атомски бомби каде исто така се претпставува дека оттука Путин ги донесува соите одлуки.
Сепак, каде и да патува, рускиот претседател секогаш е придружуван од двајца војници со таканаречениот нуклеарен куфер.
Станува збор за компјутер со шифри за лансирање на ракети базирани на вкопани силоси на земја, на подморници и стратешки бомбардери. Двајцата мажи се офицери на морнарицата бидејќи нивните црни униформи не се мешаат со оние на сите високи чинови на вооружените сили кои обично се блиски до претседателот.