Поглед:
1
Министерот за надворешни работи на Русија Лавров рече дека Русија не одбила и нема да одбие ниту еден сериозен предлог за контакт или преговори, но, според него, никој не понудил здрави иницијативи.
Лавров ова го изјави во етерот на програмата „Москва. Кремљ. Путин“ на ТВ каналот „Русија 1“.
„Сите овие муабети за тоа кој сака да се сретне со нас, кој не сака да се сретне со нас – тие самите ги измислуваат. Никогаш не сме одбиле ниту една сериозна понуда за контакти“, истакна министерот за надворешни работи.
Претходно Сергеј Лавров изјави дека задачите на специјалната воена операција на Руската Федерација во Украина остануваат исти. Министерот истакна дека руската страна нема да дозволи Украина да остане „терористичка држава, на која сè и е дозволено“.