-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Џафери му ја врати иницијативата за референдум на Апасиев оти не била согласно деловник

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на Собранието Талат Џафери му ја врати иницијативата за референдум на Димитар Апасиев бидејќи не била во согласност со деловникот на Собранието.


„Испитувајќи го вашето барање за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на задолжителен референдум, увидов дека барањето не е подготвено во согласност со Деловникот, а особено член 135 од истиот, а поставеното прашање упатува на несоодветно поставено прашање од причина што заклучоците не се општ правен акт, Закон или Устав, истите по нивната природа и содржина се став кој ја насочува владата во нејзно постапување“…

Во продолжение Џафери дополнува дека согласно член 136 од Деловник, ако предлогот на Закон не е подготвен во согласност одредбите, претседателот на Собранието пред да го достави на пратениците ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите на овој деловник…

Ако предлагачот не го направи тоа во рок од 15 дена ќе се смета дека предлогот на Закон не е поднесен, пишува Џафери во одговорот до лидерот на Левица.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО