6.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

Горан Милевски си заминува од Владата, но со колкав имот?

ТОП ВЕСТИ

Лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милевски си заминува од функциите поради лични причини.


На неговото место во Владата ќе застане поранешниот градоначалник Ристо Пенов, додека пак неизвесно е кој ќе го замени во ЛДП.

Имено, Милевски на министерската позиција во Владата беше три години, но со колкав имот си заминува?

Според анкетниот лист на Милевски, објавен на страната на Антикорупциската комисија, како негов или како имот на родителите или сопругата, поседува една куќа, два стана, гаража, две моторни возила, акции, дивидента, како и поголем број депозити во банки, а има и парични средства во банкарските институции, објави Фактор.

Милевски како имот на родители пријавил куќа во Битола од 75 метри квадратни, стекната со наследство во 2011 година, два стана во Битола, кои се стекнати со договор за купопродажба, a исто така има и гаража од 17 метри квадратни.

Поседува и две моторни возила и тоа стар Форд Ескорд, кој е имот на родители, додека пак како негов личен имот пак е наведена опел инсигниа. Како имот на родители екс министерот исто така има акции, а поседува и дивиденда од октомври 2020 година од околу 200 евра.

Милевски и сопругата имаат девизни депозити од по пет илјади евра во Комерцијална банка, а и тој и неговите родители имаат денарски депозити во Халк и во НЛБ Банка.

Како имот на брачниот другар се наведени парични средства од еден милион денари, додека пак како имот на родители како парични средства се наведени 400 илјади денари.

За негов личен имот се наведени парични средства од 500 илјади денари.

За сите овие парични средства е наведено дека се стекнати на друг начин.

Извор: Фактор.мк

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО