Хрватските медиуми објавија дека македонски државјанин починал вчера кај хрватскиот остров Равник во близина на Вис, откако му се слошило и останал без свест за време на нуркање.
Имено, во тек е обдукција која треба да утврди кои се причините за смртта.
Македонскиот нуркач набргу по несреќата што се случила во претпладневните часови бил извлечен на копно, по што следел обид за реанимација. На помош пристигнале и лекари од Брзата помош, но според првичните информации, тој веќе бил починат.
Неговото тело е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Сплит.
Станува збор за скопјанец на 40-годишна возраст кој со нуркање се занимавал повеќе од 20 години.
Упатените наведуваат дека кај Вис се нуркало со т.н. рибредери, при што учествувале членови на повеќе нуркачки клубови.
Се очекува телото да биде транспортирано и предадено на семејството по обдукцијата.