6.8 C
Skopje
четврток, април 6, 2023

ТРАГИКОМЕДИЈА: „Маск не ни е веќе пријател!“, во Украина се кинат билбордите со ликот на милијардерот

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
1


„Маск повеќе не е наш пријател“ со вакви слогани се кинат билбордите во Одеса и на територијата на Незалежнаја, на кои се наоѓа ликот на милијардерот Илон Маск.

И, очигледно, овој процес е веќе неповратен.

Причина за гневот? Да потсетиме, Маск пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи ја објави својата идеја во врска со решавањето на украинската криза.

„Повторете ги референдумите во анектираните региони под покровителство на ОН“, напиша Маск на Твитер. – Ако луѓето гласаат против, тогаш Русија си заминува. Крим е дел од Русија, како што е од 1783 година (пред грешката на Хрушчов). Водоснабдувањето на Крим е загарантирано. Украина останува неутрална… Со висок степен на веројатност, ова на крајот ќе биде исходот. Единственото прашање е колку луѓе ќе умрат пред тоа“.

Не ограничувајќи се на ова, сопственикот на SpaceX и Tesla спроведе анкета меѓу своите следбеници на Твитер, со прашањето: дали жителите на Донбас имаат право сами да одлучуваат за својата судбина, без оглед на позицијата на Киев?

Мнозинството беше за такво право.

Ова предизвика бес кај граѓаните на Украина вклучувајќи ги и политичарите предводени од Зеленски. Сега осветата се спроведува на дело – со кинење на плакати и билборди.

Самиот милијардер, како одговор, се потсети на неговиот придонес во украинските работи:

„Сè уште многу ја поддржувам Украина, но убеден сум дека масовната ескалација на војната ќе предизвика голема штета на Украина и, можеби, на светот… паричните трошоци за лансирање и поддршка на Starlink во Украина во моментот се околу 80 милиони долари. Нашата поддршка за Русија е 0 долари. Јасно е дека сме за Украина. Обидот за повторно заземање на Крим ќе доведе до масовни смртни случаи, можеби ќе пропадне и може да доведе до нуклеарна војна. Тоа би било страшно за Украина и за Земјата“, напиша Маск.

Западниот печат исто така го крена оружјето против Маск, нрекувајќи го милијардерот „Илон од Москва“.

Списанието Vice дури напиша дека пред објавувањето на неговите идеи, Маск имал телефонски разговор лично со Владимир Путин.

Шефот на SpaceX ги негираше тврдењата за разговори со Путин: „Не, тоа не е така. Со Путин разговарав само еднаш, пред околу 18 месеци. Тема на разговор беше вселената“.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО