-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Во најава ново бугарско здружение „Цар Фердинанд“ во Македонија

ТОП ВЕСТИ

По двете бугарски здруженија и двата клуба „Цар Борис Трети“ и „Ванчо Михајлов“, коишто се отворија во Македонија, на повидок е трет обид за регистрација на здружението „Цар Фердинанд“ во Богданци.


Премиерот Димитар Ковачевски вели дека јасно ги искажува ставовите по однос на здруженијата што се формираат и носат имиња на соработници на фашистичкиот режим. Во однос на најавеното отворање на здружението Цар Фердинанд оцени дека ваквите имиња на никој начин не придонесуваат кон подобрување на односите помеѓу соседните држави, но уште повеќе ги повредуваат чувствата на македонските граѓани, а особено на еврејската заедница.

Централниот регистар ја разгледува документацијата и поради намерата на граѓани да формираат такви здруженија што ги нарушуваат чувствата и односите со соседна држава, е формирано тело во Владата, односно во Министерството за правда, што треба да оцени дали одредено име може да биде користено или не.

Ковачевски вели дека македонското законодавство е многу либерално во однос на формирање здруженија и од таа причина му сугерирал до министерот за правда, како основа да се земе германското законодавство.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО