Академската година не започна исто за сите студенти.
Имено, за ова студентите на приватниот Факултет за бизнис економија ќе почекаат бидејќи сите нивни професори имаат добиено откази од в.д. директорката Жанина Кировска, јавува Телма.
Дел од студентите за „Телма“ велат дека ова што се случува на факултетот е под сечие човечко достоинство.
„Има студенти кои се 4та година, или имаат завршено четврта и се пред дипломирање. Има студенти од трета година, на кои им е згрозена академската година“, вели Тодор Соколов.
Соколов е еден од студентите кои в.д. директорката не успеала да ги убеди утрово , на состанокот, дека и покрај доцнењето академската година ќе почне, но студентите треба да почекаат додека не се изврши смена на отпуштените со нови професори.
Една од отпуштените професорки пак во изјава за телевизија Телма вели дека проблемите на факултетот се појавиле со назначувањето на Кировска за в.д. директорка. Таа од 14 септември до 6 октомври поделила откази на 6 професори. А, од нив двајца добиле откази откако Кировска била разрешена од Наставничкиот совет.
Директорката пак со оправдување дека отказите се по барање на основачот на факултетот- Фондацијата „ Ново образование за бизнис“ и дека ќе следи реорганизација.