Македонија и Меѓународниот монетарен фонд постигнаа договор за двегодишен аранжман вреден 530 милиони евра.
Аранжманот во рамките на програмата за претпазливост и ликвидносна линија (ПЛЛ) треба да и помогне на Владата на Македонија да ги ублажи глобалните шокови предизвикани од Ковид-19 и војната во Украина.
Аранжманот PLL се доделува на членови на Фондот со здрави економски основи со цел да се заштитат од надворешни шокови.
Договорот треба да го одобри Извршниот одбор на ММФ, а по одобрувањето на С. Македонија ќе и бидат достапни 100 милиони евра.
„Економијата на Северна Македонија беше погодена од два глобални шокови. Додека сè уште се опоравуваше од пандемијата, изгледите се влошија поради руската инвазија на Украина и наглиот пораст на цените на храната и енергијата. Во исто време, условите за глобално финансирање се заострени“, се вели во соопштението на ММФ.