-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

МНОГУ ЗАМКИ ВО ПЛАНОТ ЗА КОСОВО: Ова се клучните детали на француско-германскиот предлог за Србија

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
1


Макрон и Шолц го предлагаат принципот „само не бунете се, а не мора да го признаете“, но очигледно заборавија дека Србија има свои црвени линии.

Веста дека најмоќните земји од ЕУ, Франција и Германија, излегоа со свој предлог за Косово, се прошири низ регионот.

Иако деталите не се целосно познати бидејќи претседателот Александар Вучиќ ја откри само суштината на планот (бидејќи документот сè уште не е објавен во јавноста), јасно е дека од Србија се бара позитивен одговор на влегувањето на т.н. Држава Косово во меѓународните институции, вклучително и во Обединетите нации, и дека од неа не се бара формално признавање.

За возврат Србија би добила значително забрзување на европските интеграции, засега без попрецизен временски рок, како и дарежливи инвестиции од водечките земји од ЕУ, пред сè Германија.

Понатаму, Берлин и Париз би го гарантирале исполнувањето на сите договорени одредби од Бриселскиот договор, иако се чини дека Приштина сè уште ја гледа Заедницата на српските општини (ЗСО) без извршни овластувања, за разлика од договореното.

Исто така, се споменува принципот според кој Косово би било примено во ОН истовремено со Србија во ЕУ.

Се разбира, овој предлог не е зацементиран. Се очекува Белград и Приштина да ги претстават можните предлози што би можеле да се применат во документот, но се разбира, неговата суштина никогаш не би била предмет на промена.

Како што изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ за време на неговото обраќање во саботата, на Западот очигледно му се брза.

-Западните земји ќе се обидат на свој начин да го решат проблемот со влезот на Косово во ОН. Втората причина, без никаков сомнеж, е да се извади аргументот за Косово од рацете на Путин. Кога реков дека се менува архитектурата на разговорите, ЕУ ме демантираше, но не разбрав за што е тој демант.

Денеска на маса го имаме предлогот на двете најголеми европски сили, Германија и Франција. Не можеме туку така да го отфрлиме предлогот на таквите сили. Тој предлог оди на два колосека. Нашата најголема грешка беше што прифативме ЕУ да почне да управува со решавањето на статусот на Косово и Метохија – рече Вучиќ.

Тој, сепак, рече дека е неприфатливо за Србија Косово да стане членка на ОН.

– За овој предлог мора да се разговара и да се размислува – рече Вучиќ. а дали може Србија да го прифати, како што наведе, не е сигурен.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО