0.8 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Еврото зајакна, се очекува Европската централна банка повторно да ги зголеми каматните стапки

ТОП ВЕСТИ

На светските пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна минатата недела, при што еврото се оддалечи од најниското ниво во последните 20 години, бидејќи Европската централна банка би можела повторно агресивно да ги зголеми каматните стапки поради високата инфлација.


Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,7 отсто, на 112,17 поени.

Истовремено, доларот се лизна за 1,15 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 0,9802 долари. Но, курсот на доларот зајакна во однос на јапонската валута за 1 отсто, на 144,75 јени.

По две недели силен раст, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна минатата недела. Но, на почетокот на неделата не изгледаше дека ситуацијата ќе се развива во таа насока.

Британската фунта под притисок

Имено, индексот на доларот се проби над нивото од 114 поени за прв пат по 20 години, што главно беше последица на слабоста на британската валута. Во понеделникот фунтата потона на рекордно ниско ниво од 1,0327 долари, бидејќи економскиот план на новата влада ги зголеми стравувањата на пазарот дека британските јавни финансии ќе бидат претерано растегнати.

Имено, новата влада најави намалување на даноците и инвестициски стимулации за поддршка на стопанството, кои би ги финансирала со најголемиот долг од 1972 година. Но, критичарите велат дека овие економски мерки ќе бидат од корист за богатите, а јавниот долг нагло ќе се зголеми во време на раст на каматните стапки.

Британската централна банка пред една недела ги зголеми каматните стапки за 0,50 процентни поени, седма сесија по ред и соопшти дека економијата веројатно веќе е во рецесија.

Сепак, во втората половина од неделата фунтата закрепна, благодарение на интервенциите на централната банка на пазарот на обврзници за стабилизирање на приносите и пораките дека ќе направи се што е потребно за да го стабилизира девизниот курс. Благодарение на ова, курсот на фунтата се врати над нивото од 1,11 долари до крајот на неделата.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО