Поглед:
17
Ердоган го известил Путин дека Турција е подготвена да придонесе за мирот во Украина.
Претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган остварија телефонски разговор на кој разговараа за ситуацијата во Украина, пренесува РИА Новости повикувајќи се на кабинетот на турскиот претседател.
Според новинската агенција, во телефонскиот разговор се зборувало и за билатералните односи меѓу Русија и Турција.
„Претседателот Ердоган потврди дека Турција е подготвена да даде свој придонес и да направи се што е во нивна моќ за да се најде мирно решение за украинското прашање“, соопшти кабинетот на Претседателот Ердоган.
Инаку, турскиот претседател смета дека тој е единствениот лидер на држава кој може да води дијалог и со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.