-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Аларм на Бајден: „Никогаш не сме биле толку блиску до нуклеарен АРМАГЕДОН“

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
23


Ризикот од „нуклеарен Армагедон“ го достигна највисокото ниво од кубанската криза во 62 година, изјави американскиот претседател Џо Бајден, говорејќи на вечерниот настан организиран за собирање средства за демократите:

„Ние, рече тој, не сме се соочиле со ризик од нуклеарен Армагедон од 1962 година со Кенеди и ракетната криза на Куба“.

Заканата од рускиот претседател Владимир Путин, додаде Бајден, е реална „бидејќи воената се покажува како разочарувачка“.

Со месеци високи претставници на американската администрација се сомневаа дека Путин би можел да го употреби нуклеарното оружје против Украина како реакција на поразите на фронтот.

Во вторникот, портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер го омекна тонот, велејќи дека САД не биле свесни дека Путин забрзува кон нуклеарно решение.

Сепак, вечерашната изјава на Бајден ги измеша картите и сугерира хипотеза дека кризата во Украина можеби е дојдена до крстопат.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО