7.8 C
Skopje
среда, април 10, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Групата на Асаф Еисин што му ја води црната кампања на Пендаровски се сомничи за фалсификати и местење избори ширум светот

ТОП ВЕСТИ




Поглед:
12


За Пендаровски црна кампања води Асаф Еисин, чија група се сомничи за фалсификати и местење избори ширум светот, вели во својата реакција ВМРО-ДПМНЕ.


„За Пендаровски црна кампања води Асаф Еисин, чија група се сомничи за фалсификати и местење избори ширум светот.

Пендаровски е покровител на фалсификуваните документи против ВМРО-ДПМНЕ, а за изработка на истите имаме основани сомненија дека стои АР водена од Еролд Муслиу близок на Пендаровски и Миле Зечевиќ како посредник преку кого одат плаќањата.

Пендаровски призна дека се видел со Асаф Еисин и дека средбата е организирана од СДС.

Со оглед на тоа што СДС не пријавиле дека го плаќаат Еисин, се поставува прашањето од кое со денови бегаат. Како е платен Асаф Еисин и дали е платен во кеш со црни пари од тендерите во РЕК Битола?

Во недостаток на програма и понуда, Пендаровски и СДС прибегнаа кон црна кампања, но попусти им се сите обиди. Народот бара промени. Граѓаните ќе си ја вратат Македонија. Иднината е во рацете на народот. Македонија повторно ќе биде на граѓаните“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО