Поглед:
2
Вчера беше одбележана годишнина од крвавиот масакар врз осум припадници на безбедносните структури на Македонија од страна на терористичките банди на учк.
„ПОКЛОН ПРЕД МАЧЕНИЦИТЕ НА НАЦИЈАТА!“ е изјавата која од местото на масакрот кај Вејце ја даде делегација на политичката партија Македонски Концепт (МК), предводена од лидерот Петар Богојески и двајца Бранители од 2001 година, која се поклони пред споменот на местото на злосторот!
Во тетовско село ВЕЈЦЕ, на 28.04.2001 паднаа ОСУМТЕ ХЕРОИ НА МАКЕДОНИЈА!
Тука сме со една цел, да кажеме дека БРАНИТЕЛИТЕ ПОБЕДИЈА за унитарна, слободна и европска Македонија, укч изгуби и беше амнестирана како терористичка организација! – истакна Богојески.
Македонците ги бранеа вековните, автохтони македонски територии, учк се обиде да освојува туѓа земја и вода!
ПОБЕДАТА ЈА СЛАВИМЕ ПРЕКУ МАЧЕНИЦИТЕ!
СВОИ НА СВОЕТО, доаѓаат посветли денови за семејствата на загинатите Маченици и сите Бранители од епопејата за одбрана на Македонија во 2001 година!