Променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, претежно во северните делови ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје променливо облачно со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во следните два дена времето ќе биде релативно топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.