5.8 C
Skopje
сабота, април 29, 2023

Автобусите на 1 Мај ќе сообраќаат по неделен возен ред

ТОП ВЕСТИ

Поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, в понеделник автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.


Билетарниците и центрите за персонализација на 1 Мај нема да работат, информира ЈСП „Скопје“.

Жичарницата на 1 Мај ќе работи од 10 до 20 часот, исто и во вторник.

Од ЈСП „Скопје“ потсетуваат дека од мај жичарницата ќе работи два часа повеќе од изминатиов период, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работно време на жичарницата за период мај – септември.

Во период од 19 – 19.30 часот е последното возење во правец од долу нагоре, а во 19.45 часот е последното возење од Водно.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО