13.8 C
Skopje
петок, април 28, 2023

Касами среќен за посетата на Вјоса Османи во Тетово – и го даде клучот од градот!

ТОП ВЕСТИ

Лидерот на Беса и градоначалник на општина Тетово Биљал Касами денеска ја пречека косовската претседателка Вјоса Османи.


Пред настанот беа ставени билборди со топло добредојде, а имаше и посебен режим на сообраќајот.

Касами порача дека на Тетово му е чест што за прв пат во општината има претседател на Република Косово.

„За нас, за Тетово и тетовците, Косово и Албанците од Косово имаа посебно место и ќе продолжат да имаат посебно место во нашите врски што ги имавме историски. Тетово, како главен град на Албанците од Северна Македонија, беше точка на обединување на Албанците во Косово и Македонија и во Југославија“, рече Касами.

Тој на претседателката и даде и клуч од градот.

„Се чувствувам како дома, сега со клучот на градот уште повеќе не почестивте и потврдивте дека секогаш ќе останеме многу блиску до Тетово, секогаш ќе наоѓаме нови начини за соработка, ќе реализираме нови проекти“, рече Османи.

Претседателката истакна дека од Тетово започнале многу процеси од историско значење за албанското население, не само овде во Северна Македонија, туку насекаде.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО