6.8 C
Skopje
петок, април 28, 2023

Ахмети се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска оствари средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, која е во официјална посета на земјава.


Во фокусот на разговорот меѓу Ахмети и претседателката Османи, соопштија од ДУИ, биле билатералните односи меѓу двете земји, европската перспектива, постигнатиот договор со Србија и состојбите во регионот.

– Ахмети и Османи истакнаа дека во овие клучни моменти за европската иднина на двете земји, важно е да се зајакне соработката и да се консолидираат активностите до финализирање на целите, стои во соопштението од ДУИ.

Процесот на уставни измени е оценет како неопходен за европскиот пат што го започна Република Северна Македонија, за што претседателот на ДУИ Ахмети ја информирал претседателката Османи за последната иницијатива во која се вклучени сите политички и општествени актери во државата.

Двајцата соговорници оцениле дека Република Северна Македонија и Република Косово мора заедно да го забрзаат чекорот кон Европа, како единствена алтернатива за целиот регион на Западен Балкан.

– Ахмети го изрази својот став и поддршка за успешно завршување на дијалогот и меѓусебното признавање меѓу Косово и Србија, соопштија од ДУИ.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО