6.8 C
Skopje
петок, април 28, 2023

Османи на средби со лидерите на водечките политички групи во Европскиот парламент, Гарсиа Перез и Вебер

ТОП ВЕСТИ

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, одржа засебни средби со претседателите на двете најголеми политички групи во Европскиот парламент – Ираче Гарсиа Перез, Социјалисти и Демократи и Манфред Вебер, Европска народна партија.


Министерот Османи ја реафирмираше позицијата на државата како одговорен и доверлив партнер на ЕУ и НАТО, целосно усогласувајќи се со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, со значајна поддршка за Украина.

Осврнувајќи се на успешниот тек на скринингот, Османи истакна дека Владата вложува максимални напори за заокружување на уставните измени како наша преземена обврска, со цел отворање на првиот кластер Темели до крајот на оваа година и динамизација на пристапниот процес, за што соговорниците ветија силна поддршка како и досега.

Министерот истакна дека, на патот кон полноправно членство во ЕУ, потребни се краткорочни видливи и опипливи бенефити преку забрзана интеграција на државата, што ќе овозможи поголемо зближување во политичка, социјална, а пред сѐ, во економска смисла.

На средбите стана збор и за регионалната динамика и придонесот на нашата држава кон регионалната стабилност и културата на дијалог со цел зајакнување на регионалната безбедност, продлабочување на добрососедските односи и унапредување на регионалната соработка.

Агендата на министерот Османи опфати и учество на тркалезна маса со известителите во сенка и европратениците здружени во неформалната група „Пријатели на Република Северна Македонија“, меѓу кои и Ирена Јовева, Андреас Шидер, Илхан Ќучук, Кристијан Сагарц, Марион Валсман, Тијс Ројтен, Мaсимо Касталдо и Влад Ботош.​

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО