7.8 C
Skopje
среда, април 26, 2023

Нов инцидент со подметнат пожар на возило на вработен во затвор Идризово – кој ги прогонува службениците?

ТОП ВЕСТИ

Нов инцидент со подметнат пожар на автомобил на затворски чувар од Идризово се случил денеска во скопско Ново село, јавува Телма телевизија.


Според телевизијата автомобилот е запален пред домот на чуварот, а се работи за петти по ред инцидент со подметнат пожар на затворски службеник.

Полицијата потврди дека таков инцидент е пријавен во скопско Ново Село, а станува збор за автомобил на затворски чувар вработен во најголемиот затвор во Идризово.

„На 25 април во 01.56 часот во СВР Скопје, Љ.К. – вработен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека во неговиот двор во село Ново Село, скопско, било опожарено неговото патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Љ.К. сам го изгаснал пожарот, а повредени нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.

Но засега не се знае кој ги прогонува овие службеници?

Имено, пред неколку дена во скопско Студеничани исто така изгоре службен автомобил на заменик директорот на затворот Идризово.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО