7.8 C
Skopje
четврток, април 20, 2023

Ковачевски рамо до рамо со граѓаните: Им порача дека ја донеле најголемата странска инвестиција досега

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска е рамо до рамо со граѓаните на Гази Баба.


-Нашите економски политики носат придобивки и конкретен резултат. Државата денеска ги жнее плодовите она што го работевме во изминатиот период. Ја донесовме најголемата странска директна инвестиција од независноста, вредна 205 милиони евра, во зоните во Скопје и Штип. Нови речиси 4.000 работни места во мултинационална компанија „Јагео“ за електронски компоненти кои се вградуваат во светски познати автомобилски брендови, во телекомуникациите, медицината, зелена енергија, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ и премиер потенцираше дека со новиот концепт за поттикнување инвестиции ја ставивме нашата земја високо на мапата дестинации за привлекување на инвестиции од реномирани компании. Тие носат огромни придобивки за граѓаните и државата во којашто се слеваат големи финансиски средства.

– Последниве две години со моделот на СДСМ државата постигна договори за странски инвестиции вредни над 650 милиони евра. Повеќе од половина од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години. Со оваа инвестиција успеавме да го надминуваме износ над 850 милиони евра странски инвестиции, најголеми досега.

Но, не е само привлекувањето инвестиции. Она што е важно е дека со нашиот економски модел новите работни места коишто се отвораат се со високи плати за работниците, додаде Ковачевски.

-Заврши времето кога работниците беа третирани како евтина работна сила, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Ние го цениме трудот на работникот. Нашите социјалдемократски политики донесоа минимална плата од 20.000 денари, која во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше едвај 8.000 денари. Просечната плата ја зголемивме за над 34.000 денари а во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше едвај 20.000 денари. Не вложуваме во работниците, во стандардот на граѓаните а не во споменици, стиропор и жални врби, рече Ковачевски, рамо до рамо со граѓаните на Гази Баба.

Во рамки на теренските активности на СДСМ, рамо до рамо до победа, Ковачевски ги отворите новите простории на општинската организација Гази Баба во населбата Ченто а додели и нови 50 членки книшки на нови поддржувачи на партијата.

Зголемувањето на бројот на македонските социјалдемократи ја потврдува поддршката на граѓаните на концептот за економски и политички напредок на земјата и европска иднина.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО