За време на викендот низ медиумите и социјалноте мрежи се случуваше жестока расправа помеѓу докторката и В.Д. директор на Детска клиника Стојка Фуштиќ и пациентот со цистична фиброза, Игор Пехчевски.
Имено, тој ја покажа отпусната листа, а истакна и дека наводно докторката му забранила да дава изјави поврзани со лекот Трикафта, со условување или закана дека доколку така продолжи за него нема да има место за лечење на клиниката.
По ова, докторката се бранеше дека тој е во стабилна состојба и сакала да го прати дома, односно за велигденските празници да биде со најблиските.
По целата оваа драма, Игор денеска ја напушти Клиниката велејќи дека ги издржал сите притисоци и обиди за негово деградирање и уште еднаш потсети дека тој се бори за сите пациенти со цистична фиброза да го добијат лекот, а не само за себе.
“Почитувана Македонска јавност, јас денеска излегувам од болницата. ВИ БЛАГОДАРАМ на поддршката, издржав и продолжувам понатаму и покрај сите притисоци и обиди за мое деградирање и негирање правејќи ме СЕБЕПРОМОТОР И НЕСОСТРАДАЛЕН СО МОИТЕ СОБОРЦИ, КОЈ ГО БАРА ЛЕКОТ САМО ЗА СЕБЕ, ЗЛОУПОТРЕБУВАЈЌИ ГО БОЛНИЧКИОТ КРЕВЕТ, ОД ОВДЕ ПОРАЧУВАМ И СЕ НАДЕВАМ НАРЕДНОТО МОЕ ДОАЃАЊЕ И НА СИТЕ ПАЦИЕНТИ КОИ СЕ ЗАСЕГНАТИ СО ОВАА ПОДМОЛНА БОЛЕСТ ЌЕ БИДЕ ЗА ДА ГО ПРИМИМЕ ЛЕКОТ ТРИКАФТА.
НАШИТЕ ЖИВОТИ НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ГАРАНТИРА ДУРИ НИ САМИТЕ ДОКТОРИ, БИДЕЈЌИ СИТУАЦИЈАТА МОЖЕ ДА НИ СЕ ВЛОШИ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ. ДОКТОРКЕ И ПОКРАЈ СИТЕ ВАШИ СЕБЕОПРАВДУВАЊА ОД ВАС И ОД АСОЦИЈАЦИЈАТА КОЈА Е ОРГАНИЗИРАНА ИСТО ОД ВАС Д-р Stojka Fustik ЈАС СУМ ТУКА И НЕ СУМ САМ, САМИТЕ ГО ЗНАЕТЕ ТОА. ТРИКАФТА ЗА СИТЕ ВЕДНАШ И СЕГА ❗️
ПОЧИТУВАНИ ГОСПОДИН ПРЕМИЕР, ПРЕТСЕДАТЕЛ И МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, ЖИВОТИТЕ НА МЕНЕ И МОИТЕ СОБОРЦИ ЗАВИСАТ ОД ВАС. НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ, БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА❗️” напиша Игор.