Телевизија Сител објави сторија за 60 годишниот Кире Бадаров кој е во лоша здравствена состојба, и нема основни услови за живот.
Како што се вели во сторијата, тој живее во влага, без греење, со храна која ја добива како помош од Црвениот крст, а лековите ги зема благодарение на хумани граѓани кои му помагаат со пари.
„Кире со години се соочува со различни дијагнози, потешко се движи, преживеал и две тешки сообраќајни несреќи, не работи и нема никакви примања и покрај тоа што е социјален случај“, се вели во сторијата.
Тој бара од државата да му ги овозможи средствата за кои има правосилно решение и да му се додели социјален стан.
Целата сторија во продолжение: