28-годишен жител на Скопје вчера бил уапсен за време на велигденскиот собир во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, откако го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон дел од насобраните луѓе, соопшти МВР.
„На 15.04.2023 во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.К.(28) од Скопје затоа што во двор на верски објект на бул.„Партизански одреди” го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон присутните во објектот“, пишува во полицискиот билтен.
По документирањето на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.