4.8 C
Skopje
сабота, април 15, 2023

Пехчевски: Докторката со дрзок тон ми кажа дека ако давам изјави, за мене повеќе нема да има место во оваа болница!

ТОП ВЕСТИ

По објавувањето на отпусната листа, Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, се јави со нов статус во кој вели дека докторката со дрзок тон му кажала дека ако дојдат повторно новинарски екипи и дава изјави, за него повеќе нема да има место во таа болница.


„Д-р Stojka Fustik со дрзок тон и завчера и вчера дојде 2-3 пати во болничката соба и ми кажа доколку пак дојдат новинарски екипи за викендот да давам изјави за лекот Трикафта, дека за мене повеќе немало да има место во оваа болница за Цистична фиброза за лекување. Докторке оваа болница не лично Ваша за да може така дрско да се однесувате со пациентите и да давате изјави дека пациентот ќе си оди на 15.04.2023г. А имам документ со отпусна листа која е со датум 18.04.2023год. Како ќе ме погледнете во очи мене и другите пациенти за ова што ми го правите пред цела Македонска јавност. Дно дна“, пишува тој.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО