Денеска околу 18 часот имало пукање во Чаир.
Според информациите дошло до физичка пресметка во близина на поликлиника Бит Пазар во Скопје.
„Непосредно потоа од ГОБ Св.Наум Охридски е пријавено дека за лекарска помош се пренесени А.Б. (20) со повреда на десна рака од оружје, како и А.Б(23) со повреди од тврди предмети и 17-годишен малолетник со повреди од физички напад. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за 4news.mk
Според неофицијални информации на 4news.mk, инцидентот настанал поради непочитување на ред во пекара.
Имено, имало пресметка меѓу лицата кои чекале ред за питарки пред ифтар.