Лажна била дојавата за поставена бомба во зградата на Основниот суд во Охрид.
По извршените проверки на објектот, вработените во Судот се вратени на своите работни места.
Инаку, дојавата била извршена утрово во 7.50 часот до полицијата во Охрид, од страна на непознато лице.
Веднаш потоа беа спроведени активности за обезбедување на објектот, вработените од Судот беа евакуирани, а улицата пред зградата затворена за сообраќај и минувачи.
Ова е прва дојава за бомба во Основниот суд во Охрид. Пред извесно време лажна дојава за бомба имаше во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.