6.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

Меџити го поддржува предлогот на Алтернатива

ТОП ВЕСТИ

Потпретседателот на ДУИ и предводник на т.н. „огнена група“ , Изет Меџити го поддржува предлогот на Алтернатива за формирање заедница на албанските општини во земјава по примерот на Косово.


Тој вели дека е очигледна потребата да се придвижи процесот на децентрализација во интерес на општините, но и во интерес на граѓаните, бидејќи според него таа власт е најблиска до нив.

„Заедницата во Косово ќе има „домино-ефект“ во регионот бидејќи граѓаните патуваат и споделуваат, нашите семејства се поврзани и половина се во Косово, а половина овде. Па, ако може Србите со 4% да имаат асоцијација и да имаат видливи права, тогаш очигледно дека тоа ќе има ефект и врз Албанците коишто се најмалку 30% во Македонија и претендираат за истите права“, рече Меџити.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО