-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ЗЕЛС ги повика општините за финансиска помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија

ТОП ВЕСТИ

„Со длабоко жалење и вознемиреност ја примив ужасната вест за разорниот земјотрес што ги погоди граѓаните на Република Турција и Сирија. Во овие исклучително тешки и тажни моменти за нив, за семејствата на загинатите и повредените, од мое лично име, како и од име на сите општини во ЗЕЛС и нивните граѓани, упатувам искрено сочувство, истакна претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓеорѓиевски.


-„И Македонија во својата историја памети човечки загуби и огромни материјални штети од природни катастофи. Ја памети и помошта и топлината на подадената рака во моментите кога и’ биле најпотребни. Во вакви моменти сите треба да се потсетиме дека не можеме против природните катастрофи со трагичен епилог, но можеме со хуманост“, посочува Ѓеорѓиевски

Оттука, како Претседател на ЗЕЛС, апелирам за солидарност до градоначалниците на сите општини во Република Македонија. Сега е момент кога секој, согласно своите финансиски можности треба да ја покаже својата благородност и на дело да докаже дека хуманоста и солидарноста со кои не’ опишуваат биле и остануваат наша движечка сила!

Самиот, како градоначалник на Општина Кисела Вода, веќе поднесов иницијатива до Советот за обезбедување на финансиска помош од 500.000,00 денари за погоденото население од Турција и Сирија. Остваривме контакт и со Амбасадата на Република Турција во Македонија, на која понудивме поддршка и од друг тип. Од таму дополнително ќе бидеме известени околу конкретните потреби па ќе излеземе со адекватна помош за семејствата погодени од разорниот земјотрес!

Се надевам и силно верувам дека овој чекор ќе го следат сите останати градоначалници, за да им помогнеме овие луѓе кои за еден миг изгубија можеби се. Искрено и од срце посакуваме брзо заздравување на повредените, а овие земји што поскоро да ги санираат погодените места од разорниот земјотрес“, додаде Ѓеорѓиевски.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО