Силниот ветер кој втор ден дува во Велес, попладнево искрши гранки од големи дрвја во Градскиот парк.
Се очекува екипи на ЈКП „Дервен“ утре да ги отстранат скршените гранки и оние кои висат од дрвјата и претставуваат опасност за посетителите на паркот, во најголем дел рекреативци и спортисти, кои и покрај ветрот таму трчаат и се подготвуваат за следните натпревари.
Воедно силниот ветер ја искорна и дрвената табла на Агенцијата за млади и спорт поставена во јуни 2016 година пред реквизитите за спортување на отворено во Градскиот парк.