Поглед:
15
Делегација на политичката партија Македонски Концепт, вчера положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на македонскиот револуционер Гоце Делчев во Црквата Свети Спас во Скопје.
Делегацијата на Македонски Концепт / Koncepti Maqedonas / Macedonian Concept во состав Национален тим лидер Петар Богојески, Стручен тим лидер Оливера Клинчарова и Регионален тим лидер – Скопје 1 Стојан Србиноски се поклони пред вечното почивалиште на македонскиот Револуционер и идеолог на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!
„ПОЧИТ ЗА ВОЈВОДАТА! Вечно благодарни на твоето Дело, заколнати во твојата Кауза!“ – напишаа тие на социјалните мрежи.
Пред пристигнување во дворот на Црквата Свети Спас, лидерот на партијата Петар Богојески даде изјава за МТВ во која истакна:
„Македонија е македонска! Македонија е демократска земја, во која се почитуваат правата на секој еден наш граѓанин. Секој има право на самоопределување и секој може да покаже почит кон нашиот македонски револуционерен апостол Гоце Делчев. Тоа треба да го направи со почит кон него, кон Македонија и Македонците!“.
Богојески смета дека се претерани толкави безбедносни мерки, особено забраната за слободно известување на новинарите од самото место – дворот на Црквата Свети Спас, каде е гробот на Делчев.
„Неприфатливо е да им се попречува слободното известување и работата на македонските новинари. Бараме извинување од Владата за овој настан без преседан“! – истакна Богојески.