3.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

Изречена пресудата за скопјанецот кој си го уби тримесечното бебе

ТОП ВЕСТИ

Тивок во судница, со негодување во судскиот ходник. Обвинетиот Суад Бајрам (45) од Скопје, таткото обвинет дека го уби тримесечното бебе доби затвор од 20 години. Основниот кривичен суд Скопје денес го огласи за виновен за кривичното дело убиство при вршење на семејно насилство. Бајрам призна дека го сторил убиството и пред судиите изразил жалење и каење за стореното. Но, денес по изречената казна затвор од 20 години тој негодуваше дека тоа се многу години затвор и кажа дека очекувал помала казна бидејќи, како што рече, немало сега кој да се грижи за другите 3 малолетни деца, пишува МКД.мк


Во судница иако прашан дали има нешто да додаде, рече дека нема што да каже, но во судскиот ходник ја побара адвокатката која го застапува и се пожали дека 20 години затвор за делото кое го сторил е многу висока казна и дека бил подготвен на добие казна, но малку пониска, односно барем 15 години.

„Дваесет години затвор е многу висока казна. Јас сега има 45 години и до кога ќе седам во затвор? Имам уште 3 малолетни деца и за нив нема кој да се грижи. Мислев помала казна ќе добијам”, и се пожали обвинетиот на адвокатката.

По изречената висока затворска казна за стореното кривично дело обвинителката Марија Демирова Панајотова побара, а судот прифати да ми ја продолжи мерката притвор до правосилноста на пресудата.

Читај повеќе на МКД.мк

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО