2.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

Премиерот Ковачевски тврди во најголем процент сме усогласени со Алијанса

ТОП ВЕСТИ

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва од пред седиштето на владеачката партија информираше дека во најголем процент од политичките определби се усогласиле со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, за евентуалниот влез на партијата во Владата.


-Разговаравме најпрвин за текот на скрининг процесот кој државата го има со ЕУ, за претседавањето со ОБСЕ, за стратешкиот дијалог кој го водиме со САД и акциониот план кој се подготвува од Влада и зборувавме за можното проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците. Не разговаравме за кадровски решенија, рече Ковачевски пред седницата на Извршниот одбор на СДСМ.

Таравари денеска обелодени дека околу 90% од програмските определби се сихронизирани со премиерот.

-За кадровските решенија воопшто не зборувавме. Се надевам дека во следните денови ќе ја отвориме и таа тема. Се задржавме во програмските определби на нашата партија и Владата, кои што треба да ги истераме заедно во мандато, рече Таравари после разговорите во Владата.

Од Владата, пак, преку соопштение информираа дека работните состаноци на премиерот со парламентарните и вонпарламентарните политички партии, на кои фокусот е продолжувањето на европскиот пат и носењето одлуки исклучиво во интерес на граѓаните и државата, ќе продолжат и понатаму. Ковачевски и Таравари, како што соопштија, разговарале за повеќе актуелни теми врзани со стратешките определби на државата.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО