-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Арсовска разрешена од ЗЕЛС – на нејзино место застана Орце Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода е новиот претседател на ЗЕЛС. Вака одлучи мнозинството на членови на Управниот одбор на ЗЕЛС на денешната седница, 14 по ред. (30 јануари, 2023 година).


Потпретседателите на ЗЕЛС, Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир и Перо Костадинов, градоначалник на Општина Валандово, остануваат на истата позиција, а досегашната претседателка на ЗЕЛС, Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје продолжува со активностите во ова тело, како член на Управниот одбор. Всушност и според Статутот на ЗЕЛС, градоначалникот на Град Скопје по функција е член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

На оваа седница, Управниот одбор донесе заклучок за упатување на итно барање до Владата на РСМ за одржување на заедничка средба на која главна тема на разговорот ќе биде изнаоѓање на соодветни решенија за предизвиците со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа, поврзани со енергетска криза. Беше нагласено дека општините се доведени во колапс од високите сметки за електрична енергија и дека ваквата состојба најголемиот број на општини не би можеле да ја издржат ниту уште еден месец.

На 14 седница, Управниот одбор дискутираше и за предлог Меморандумот за соработка со Владата на РСМ, кој веќе една година беше на разгледување од централната власт.

Од Град Скопје излегоа со соопштение по разрешувањето Данела Арсовска од претседател на ЗЕЛС.

Од таму велат дека уште еднаш на дело се покажа коалицијата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ при денешното гласање во Заедница на единиците на локална самоуправа на Република Македонија.

„Со здружени гласови на градоначалниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, претставници во ЗЕЛС, беше разрешена од позицијата претседател на ЗЕЛС, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Ова е само последниот пример за соработката помеѓу две партии на штета на граѓаните за нивните лични и теснопартиски интереси.

На постојниот политички естаблишмент очигледно му пречат луѓе со визија, вредни и чесни, луѓе кои се независни и делуваат исклучително во интерес на граѓаните. На СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ очигледно му пречат луѓе кои знаат да кажат не на корупцијата и криминалот, луѓе кои јавниот го ставаат пред бизнис интересот на врхушката во партиите.

Истите луѓе кои се најзаслужни за ерозија на македонското општество во сите сфери од денес ја превземаат контролата врз единствената национална асоцијација и непрофитна организација, во која на доброволна основа членуваат сите 80 општини и Градот Скопје“, порачуваат од Град Скопје.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО