Поглед:
19
ДУИ е левичарска сомунарска екипа, наследник на марксистичко – ленинистичките келии во Југославија, активни и во Косово и во Македонија, координирани од советска Тирана.
Од таму е идејата за Тиранска платформа – тирански план за Македонија. Тоа е стара руска политика и план за Балканот. Тиранската платформа е руски проект, смета лидерот на партијата Македонски Концепт, Петар Богојески.
Тој на социјалните мрежи го објави следниот став:
„ТИРАНСКИ ПЛАН ЗА МАКЕДОНИЈА
Господинот Бујар Османи осмислено и по надворешна задача, работи на влошување на македонско – бугарските односи, со цел да ја исполни руската агенда за траен македонско – бугарски конфликт!
Тоа го прави преку перманентни провокации кон етничките Македонци, вклучително и преку “украинското сценарио”!
Доказ за ова е фактот што никогаш во историјата не биле полоши македонско – бугарските односи, од последниве години од кога иститот тој е МНР!
Дали Тиранската платформа, која е руски проект (од време на СССР до денес) има стратегија за создавање на судири помеѓу Македонците и Бугарите / Македонците и Србите, со цел да ги ослабат македонските позиции и да го воспостават новото албанско ропство врз Македонија?!?
Дали СДСМ(бс – бугарска секција) се измеќари во овој план?!? – прашува Богојески
Дали ние Македонците сме заслепени од туѓи агенди, не го гледаме она што Богојески јасно го посочува, а тоа е новото албанско ропство кое ни доаѓа врз Македонците?