Левица се огласи во јавноста дека има информација, според која Бугарија ќе премине кон нова тактика, бидејќи не може повеќе да регистрира културни клубови коли носат имиња на личности поврзани со фашистичкиот период.
Овој пат, според Левица, во Куманово ќе се отвори културен клуб кој ќе носи име на загворача на големобугарска идеја од поран период.
„Според првичните информации, бугарската страна ја менува тактиката, па за разлика од досегашната пракса на именување на клубовите по фашистички колаборатори од Втората светска војна, сега ќе се обратат кон пораната историја и клубот, најверојатно ќе биде именуван по заговарачите на големобугарската идеја“, соопшти Левица.
Ваквиот чин Левица го оценува како провокација и искажување на територијална претензија.
„Како и претоходно, остануваме на браникот на интересите на Републиката и доколку квислингшката власт дозволи отворање на ваков клуб, Левица повторно ќе повика на протести, овој пат во Куманово“, соопшти партијата.