12.8 C
Skopje
понеделник, април 3, 2023

ИНA: „Македонија пат“ го отстрани албанскиот јазик од униформите

ТОП ВЕСТИ

Јавното претпријатие „Патишта на Македонија“ на крајот од минатата година ги замени старите униформи со нови униформи на кои го нема албанскиот јазик, објави информативната агенција ИНА.


„Реално, прашањето за непочитување на албанскиот јазик не е нов проблем бидејќи датира од порано, но во предметниот случај тоа е нов проблем бидејќи старите униформи беа без овој проблем, албанскиот јазик беше почитуван во рамките на Законот за употреба на јазиците“, пишува ИНА.

Од таму додаваат дека директор на ова претпријатие е Констадин Ацевски, поранешен пратеник на СДСМ.

„Токму во мандатот додека Ацевски беше пратеник, законот за употреба на јазиците беше изгласан од негова рака во 2018 година, но сега истиот, само од позиција на директор, не го почитува законот што тој лично и целата негова партија го гласаше“, додава агенцијата.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО