Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари заедно со уште пет најблиски соработници ќе преговараат дали нивната партија ќе стане дел од Владата и ќе се прошири владиното мнозинство. Таравари вели дека имаат стратегија и барања, ќе преговараат, но се подготвени и да останат во опозиција.
Покрај претседателот, двата секретара и тројцата потпретседатели се дел од тимот за преговори.
-Денеска, утре и задутре, ние ќе седнеме,веќе имаме стратегија, но уште еднаш ќе направиме што планираме да биде програма на Владата ако се прошири и кои ќе бидат нашите услови. Понатаму и за кадровските решенија ќе зборуваме. Ако ни ги исполнат барањата посебно програмските барања, не толзку кадровски, тогаш ќе ги слушнеме и членовите на АА и ќе донесеме одлука дефинитивна, јас се надевам не за долг период, за многу кратко ќе се одлучи ова или сме или продолжуваме во опозиција ние сме навикнати на опозоција не ни е проблем тоа. Во меѓувреме ќе организираме и внатрепартиски референдум и за нас како раководство за партијата е многу битно тоа што ќе го кажат 11.500 членови на АА. Ние мораме да го слушаме гласот на членството како што го слушаме и гласот на обичниот граѓанин, изјави Арбен Таравари.
Тој потенцираше дека сè уште никој не може со сигурност да тврди дека ќе има 2/3 мнозинство во Собранието за да има уставни измени.
-Гаранција во моментот за 80 пратеници нема никој. Меѓутоа има шанси треба да се даде шанса за евентуално да се направат 80 пратеници. Без пратеници од ВМРО ДПМНЕ аритметички не се стига до бројката до 80. Така да, ќе видиме дали можеме ние. Цел ни е да дадеме шанса да се направи 80. Не зависи од нас. Да зависеше од нас ќе ја направивме бројката 80 и ќе одевме на избори, порача Арбен Таравари по двочасовниот состанок.
Денешниот состанок е првиот на Централното претседателство по одржаното собрание на 21 јануари. Вечерва партијата донесе одлука да се отвори конкурс за три ограноци на АА и тоа во Чашка, Тетово во Јегуновце.