-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Наставната програма целосно ќе се реализира, ќе се запазат датумите за државната матура, смета Шаќири

ТОП ВЕСТИ

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири смета дека целосно ќе се реализира наставната програмата и целосно ќе се реализира се што е предвидено во датумите за државната матура и во делот за предвидените испити од матурата.


Шаќири, одговарајќи на пратеничко прашање на Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на пратенички прашања, потсети на правото на образование и на законите за основно образование и за средно образование.

Министерот Шаќири информира дека се направени анализи од Секторот за основно образование, образложувајќи дека во Законот за основно образование точно се предвидува колку работни денови треба да се работи во една учебна година, додека во Законот за средно образование, како што рече, не е предвидено точно колку учебни денови треба да има една учебна година.

Второто полугодие од учебната 2022/2023 почна на 23 јануари 2023 година, наместо на 18 јануари 2023 година. Учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни 2023 година.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО