2.8 C
Skopje
вторник, април 4, 2023

БОГОЈЕСКИ до Груби: МОЖЕ ВЕТИНГ, ама не може Ислам од Зајас да го прави!

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
2


Имаме селективна правда, но сите заедно треба да смогнеме сили да започнеме процес на цел општествен ветинг и да расчистиме еднаш и засекогаш со сите корумпирани политичари, новинари, судии, обвинители, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

– Имаме селективна правда, за жал, и тоа го имаме констатирано во неколку наврати во неколку случаи.

Но, јас сметам дека вие медиумите, невладините организации, политичките партии, но и судството, судиите, обвинителите, треба заедно да смогнеме сили да започнеме процес на цел општествен ветинг, да расчистиме еднаш и засекогаш со сите корумпирани политичари, новинари, судии, обвинители и да пројдеме низ тој процес на прочистување како општество и да го вратиме кредибилитетот и довербата во институциите.

Затоа, се надевам дека 2023-та ќе биде година кога ќе го усвоиме законот за ветинг и ќе започнеме со тој процес, рече Груби во емисијата „Трилинг” на ТВ24.

На оваа изјава реагираше Петар Богојески, лидер на новата партија МКонцепт, со забелешка дека е иронично ДУИ да зборува за борба со криминал и корупција, но во ред, предлогот за ветинг им се прифаќа, под услов веднаш да започнеме од сите премиери и министри до сега, и тоа под надзор на меѓународни експерти за борба со криминал и корупција.

Не може Ислам од Зајас да прави ветинг! Тоа ќе биде под надлежност на домашни и меѓународни независни експерти, кои се докажани во областа.

Дали ова е прифатливо за Груби и неговата ДУИ? – прашува Богојески.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО