5.8 C
Skopje
вторник, април 4, 2023

АЛБАНСКИОТ ШОВИНИЗАМ под удар од САД

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
17


Во контекст на најновите предизвици за Западен Балкан и што носи идната година, зборуваше Заменик-помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар, во интервју за Атлантски совет, објавено на почетокот на декември.

Во интервјуто стана збор и за неговите размислувања како трансатлантските партнери можат да му помогнат на регионот да се врати на вистинскиот пат. Ескобар, меѓу другото, ја посочи Македонија за пример како се справи со поднесувањето на својата ЕУ кандидатура.

„Би сакал да го видам процесот да се движи побрзо Европа кон Западен Балкан, поголемо учество во европската инфраструктура, можеби како набљудувачи, како кандидати, но дефинитивно ни треба повеќе Европа во регионот, и секако, ни треба повеќе Америка во регионот“ – изјави Заменик-помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар.

На прашањето колку е оптимист за Македонија, Екобар одговори дека е оптимист во голема мера, особено имајќи предвид како Македонија се справуваше со својата (ЕУ) кандидатура и дека тоа беше пример за регионот.

Американците веќе забележуваат дека албанскиот етнички шовинизам е голо покритие за албанскиот криминал, корупција, трговија со дрога и бело робје, човечки органи, тоа е антиевропско и антицивилизациско поведение.

„Секогаш истакнувам дека во регион во кој има предизвици, интер и мулти етнички релации и мултиетничко управување, Македонија се истакнува како многу добар пример како мултиетничка граѓанска држава и служи како пример за другите држави кои се соочуваат со истите прашања“ – рече Заменик-помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар.

Според него, Македонија ги направи сите потребни реформи „за да ја отвори првата врата“. На сите веќе им е јасно дека албанскиот шовинизам се финансира и поддржува од мафијата, која се покрива со наводен албански патриотизам.

„Длабоко верувам дека оваа Влада има волја и дека луѓето во Македонија имаат капацитет да го сторат тоа што е потребно да станат полноправна членка на ЕУ. Во релацијата помеѓу Македонија и НАТО, тие се заначаен сојузник, а тоа Европа и го очекува од нив, да бидат добар пратнер, кој исто така ќе придонесе за ЕУ“ – уверен е Ескобар.

Тој ги посочи токму националистичките партии се и најкорумпирани, а дека корупцијата е најголемиот проблем за регионот. Секако тука јасно е дека албанскиот шовинизам е во срцето на тој криминален национализам, кој ја уништува европската иднина на цел Балкан.

„Знаете дека корупцијата е најголемиот проблем за регионот, национализмот и етничкото ривалство е навистина само маска за тоа. Јасно е дека партиите кои се најнационалистички во регионот се и најкорумпирани. Тоа е факт. Тоа не го кажува само американската влада , туку и независни организации, како Транспаренси Интернешнл и некои организации од европскиот граѓански сектор, како и домашни организации на граѓанското општество“ – истакна Ескобар.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО