Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денеска го прими деветтоодделенецот Лео Нелоски, државен првак по математика за 2022 година.
Нелоски, кој е ученик во основното училиште „Григор Прличев“, на Јуниорската математичка олимпијада, која се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, го освои сребрениот медал.
– Општина Охрид постојано ќе биде ветар во грб и ќе им дава поддршка на младите и телентирани ученици од основните и средни училишта во Охрид, со цел постигнување на уште повеќе и поголеми успеси, соопшти општинската прес-служба.