Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги посети дечињата кои се сместени на Хемато-онколошкото одделение на Клиниката за детски болести.
Тој вели дека имал моменти исполнети со искрена детска радост и надеж.
„Овие наши мали, а сепак големи херои со насмевка и упорност се соочуваат со големи предизвици. Нивните битки се поважни и потешки од која било битка на нас возрасните, затоа нивната среќа е важна не само за нивните родители, семејства, туку за сите нас. Подароците се надевам дека ќе бидат од помош што полесно и побрзо да ги пребродат болничките денови. Им посакувам брзо закрепнување и детството да го поминат во здравје и среќа дома, а не во болница“, пишува Ковачевски.