2.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

ПРОГРАСИВЕН ПАТРИОТИЗАМ е идеологијата на новата десница МКОНЦЕПТ

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
7


МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ ЈА ПРОМОВИРАШЕ ПАРТИСКАТА ДОКТРИНА

Тимот за комуникација со јавност на политичката партија Македонски Концепт, известува дека вчера (20.12.2022 година) на Меѓународниот ден на човечката солидарност, ја промовирале партиската Доктрина.

Од партијата велат дека тоа е клучен стратешки документ, кој ќе биде целосно достапен на јавноста, ја одредува партиската идеологија и истиот ќе биде рамка за следните Изборни програми.

Во Доктрината детализирани се примената на граѓанскиот Устав, поимање на индивидуализмот, нацијата, државата, реалниот човек и природата, како трајни вредности за кои се определи да ги застапува новата МК партија.

Македонски Концепт се декларира како прогресивна десница, а за своја официјална идеологија – прогресивниот патриотизам. Тоа е исклучително силна идеологија, која во САД успеа да создаде трета алтернатива, покрај републиканци и демократи, а во ЕУ прогресивизмот е веќе носечка сила на политичката сцена.

На промоцијата свое обраќање имал националениот тим лидер на Македонски Концепт, Петар Богојески кој истакнал дека големиот број на присутни на настанот е доказ дека граѓаните го согледале излезното решение, кое е уникатно и го нуди само таа партија и дека успехот им е на дофат со можност да се запишат со големи букви во македонската историја.

Свои обраќања имале и д-р. Оливера Клинчарова, член на Извршниот Тим на Македонски Концепт, која ја истакнала грижата за квалитетот на живот на реалниот човек во земјава и м-р. Владимир Бангиевски, тим лидер на Политичката Академија на Македонски Концепт, истакнувајќи ја важноста на новата Доктрина во која сите членови и симпатизери се убедени и веруваат.

Модератор на настанот бил познатиот актер Мартин Јордановски – глумац, а за пријатна атмосферата на свечениот коктел се погрижила музичката група Баклава.

Обраќања имале и низа партиски тим лидери на повеќе партиски структури, вклучително и од дијаспората од САД и ЕУ, како добитници на Благодарници за нивното активно учество во процесот на регистрација на Партијата.

Доказ дека растот на партијата е незапирлив, не е само истакнатата јасна визија и цел во оваа Доктрина, туку и веќе создадените тимови за сите изборни единици во земјава.

Еден од тим лидерите истакнал „нема да застанеме до целосна реализација на нашата визија, впишана во нашата Доктрина. За таа цел, ова што вечерва го започнавме тука во Скопје, продолжува низ цела Македонија!“

На настанот благодарници примиле и дел од активистите на партијата кои сами финансирале собирање на потписи и исплата на соодветните нотари.

Дел од благодарниците се доделени на активисти кои сами на своја иницијатива, после повикот на социјалните мрежи, за неколку денови мотивирале за основачи на партијата да се потпишат и повеќе од сто граѓани.

Дел од благодарниците ги примија полномошници на активисти кои учестувале и во процесот на изготвување на самата Доктрина, а живеат и работат во странство, токму од причина што во нашата земја нема место за квалитетните и образовани Македонци.

Во нивна чест, Богојески истакнал дека ќе се борат сите да ги вратат во Македонија како земја на еднакви можности, откако ќе го поразат зајковото едно општество за сите арамии!

Од партијата Македонски Концепт истакнуваат дека промоцијата на Доктрината е само почеток на лавината која следува на полтичката сцена во земјава.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО