-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА И АУКЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
579


ОД ДЕМАГОГИЈА ДО АУКЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Датум прв пат!

Датум втор пат!

Датум трет пат – Еди Рама –  Генчовска – ПРОДАДЕНО!

Неславниот или трагичен тек на процесот за евроинтеграција на Македонија привршува со „успешната“ аукција од сегашната „двоглава“ влада. Во наддавање во неколку фази  ги распродадоа државните интереси како стари артефакти без многу да му се мислат. Цената, сеуште не ја знаеме…. Но кој им даде легитимитет да ја спроведат оваа аукција? Одговорот е сите ние, народот. И токму поради тоа се спокојни во чинењето на ваквите злодела врз него и државата. Кои се тие ? Народните избраници, наше олицетворение, претставници на мнозинството. Некој ќе рече не! Немаат право и не им дадов доверба ова да му го сторат на Македонија! Ама за жал имаат.

После отпочнување на „аукцијата“, односно помеѓу првиот и вториот повик за наддавање тие повторно ја побараа вашата доверба и ја добија, иако нивната намера беше сосема јасно изразена. Ова е само последица подложноста на гласачите (народот)  на демагогија, а не на разумни аргуметни за кои немаат трпение да ги исслушаат, или во моментот не им одговараат.

Теоретски  демагогијата претставува политичка стратегија со цел на стекнување политичка моќ преку одбрана на вообичаените предрасуди, стравови и очекувањата на еден колектив или општество. Тоа ни се случува секојдневно. И денес, и покрај катастрофата што ни ја предизвикаа едниве демагози од власта истата стратегија ја практицираат и оние кои се спротивставуваат на тоа со типична стратегија на демагошките говори  и пропаганда, како и популизам. Народот не сака аргументи или мал е процентот на тие кои имаат трпение за истите. Резултатот секако ќе биде погубен оти демагогијата е пракса со која власта ги оддалечува граѓаните од вистинското учествување во јавните работи.

Според Аристотел, демагогијата е облик на воспоставување на демократија, по која доаѓа до тиранија на групата или поединецот. Демагозите, потпирајќи се на масата, сметајќи на нејзината незрелост, ветувајќи брзо исполнување на желбите, го забрзуваат целосниот преврат во државата.

Се почесто на политичка сцена ни се присутни демагози кои се препознатливи по своите ораторски вештини со кои ги поттикнуват стравовите на публиката, предизвикуваат омраза, алчност и параноја, наместо искрен и аргументиран пристап за решавање на проблемот.

Епа мој народе македонски, отварајте очи, прочепкајте уши! Додека  си ја давајте лесно довербата на  „харизматични“ водачи – демагози ќе биде вака и бетер. Се додека немате трпение за аргументирани говори и се „сладите“ со вицкастите вулгарности на демагозите, некој ќе ве „шитка“ под маса.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО